Италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедницко соопштение предупредија на „неконтролираната… Италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедницко соопштение предупредија на „неконтролираната миграција“ во Европа, повторно повикувајќи на воспоставување таканаречени мигрантски центри надвор од Европската Унија, за одбиените баратели на азил да можат да бидат испратени назад во нивните матични земји.
„„Не прифаќаме неконтролирана имиграција во Европа и водевме строга имиграциска политика и во своите матични држави и во Европа“, напиша Фредериксен денеска во објава на Инстаграм.