Светските океани достигнаа највисоко ниво на температура некогаш забележано во јули, што е делумно поттикнато од развојот на феноменот Ел Нињо во Пацификот, покажуваат податоците на службата на Европската Унија за следење на климата. Просечната температура на површината на морето (SST) надвор од поларните региони, меѓу 60 степени северна и 60 степени јужна географска ширина, Светските океани достигнаа највисоко ниво на температура некогаш забележано во јули, што е делумно поттикнато од развојот на феноменот Ел Нињо во Пацификот, покажуваат податоците на службата на Европската Унија за следење на климата. Просечната температура на површината на морето (SST) надвор од поларните региони, меѓу 60 степени северна и 60 степени јужна географска ширина, во јули изнесуваше 20,96 степени Целзиусови, што е повеќе од претходниот максимум забележан во 2023 година од 20,89 степени Целзиусови, пренесува Би-Би-Си. Минатиот месец беше втор најтопол јули во светската историја, со температура која беше за 1,47 степени Целзиусови над проценетиот прединдустриски просек, според податоците на службата за климатски промени „Коперник“.