Компанијата „Trump Media & Technology“, која стои зад социјалната мрежа „Truth Social“, по низа обиди за… Компанијата „Trump Media & Technology“, која стои зад социјалната мрежа „Truth Social“, по низа обиди за проширување на деловните активности им се враќа на основните дејности. Нов извор на приходи треба да биде услугата што на клиентите, со паричен надоместок, им овозможува побрз пристап до објавите на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, пишува AP. Компанијата во последните години се обиде да го прошири работењето во областа на интернетското обложување, финансиите, инвестициските фондови, биткоинот и нуклеарната енергија, но вредноста на нејзините акции продолжи да опаѓа. „Truth Social“, кој Трамп го започна откако „Твитер“ и „Фејсбук“ го отстранија од своите платформи, во меѓувреме стана место каде што претседателот често прв споделува информации за американската политика — од војната со Иран и царините, па сè до монетарната политика.