Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е… Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е искусен политичар и дека храбро го трпи притисокот од Европската Унија (ЕУ). Како што наведе тој, ЕУ ѝ поставува две главни барања на Србија – да ја признае независноста на Косово и да ги поддржи сите одлуки на Брисел кои се однесуваат на Русија. „На претседателот Вучиќ не му е лесно. Тој е искусен политичар и е приврзан кон евроинтеграциите.