Објавата следеше по израелскиот напад врз сириска воздухопловна база, кој Израел го изврши поради загриженост за потенцијално распоредување на турски трупи во Сирија.
„Кабинетот на Нетанјаху ги повтори претходните израелски обвинувања против Ердоган, нарекувајќи го „антисемитски диктатор“ и обвинувајќи го за прогон на Курдите, засолнување на членови на Хамас, окупирање делови од Кипар и затворање новинари и политичари кои му се спротивставуваат.
Во соопштението се наведува и дека Израел ќе дејствува против „обидите на Турција да го дестабилизира регионот“.
„Ваквата реакција на Израел следува по денешната објава дека Турција започнала постапка за поднесување барање до Интерпол за издавање црвена потерница за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и уште неколку лица, одговорни за пресретнувањето на хуманитарната флотила „Глобал Сумуд“.