Турција е помеѓу трите најголеми извозници на ТВ серии.
„Турција е помеѓу трите најголеми извозници на ТВ серии во светот, изјави шефот на Дирекцијата за комуникации, Бурханетин Дуран.
Според него, турските серии станаа стратешка предност, чија важност далеку ја надминува нивната економска вредност, бидејќи го зголемуваат интересот за турскиот јазик, култура, гастрономија и туристички дестинации. фото: архива.
„Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул присуствуваа на настан посветен на придонесот на турските телевизиски серии за имиџот на Турција во светот.