Лидерот на француската радикална левица, Жан-Лук Меланшон, се смета за можен ривал на кандидатката на екстремната… Лидерот на француската радикална левица, Жан-Лук Меланшон, се смета за можен ривал на кандидатката на екстремната десница, Марин Ле Пен, во вториот круг од претседателските избори следната година, покажуваат резултатите од денеска објавената анкета. Како што пренесуваат француските медиуми, резултатите од анкетата укажуваат на растечка поларизација на гласачкото тело како што завршува десетгодишната ера на центристот Емануел Макрон. Меланшон, лидер на радикално левичарската партија Непокорена Франција (LFI), би завршил втор во првиот круг од претседателските избори закажани за 18 април 2027 година, квалификувајќи се за вториот круг, кој ќе се одржи на 2 мај.