„Речиси половина од проценетите 934 милиони земјоделци во светот секоја година претрпуваат ненамерно труење со пестициди, покажува студија објавена во списанието „Фронтиерс ин паблик хелт“ (Frontiers in Public Health). Студијата, спроведена од истражувачи од мрежата „Пестисајд акшн нетворк“ (Pesticide Action Network – PAN), анализирала 214 публикации од периодот од 2006 до 2023 година, заедно со Речиси половина од проценетите 934 милиони земјоделци во светот секоја година претрпуваат ненамерно труење со пестициди, покажува студија објавена во списанието „Фронтиерс ин паблик хелт“ (Frontiers in Public Health). Студијата, спроведена од истражувачи од мрежата „Пестисајд акшн нетворк“ (Pesticide Action Network – PAN), анализирала 214 публикации од периодот од 2006 до 2023 година, заедно со податоци за смртноста на Светската здравствена организација (СЗО). Истражувачите проценуваат дека годишно се случуваат до 433 милиони случаи на ненамерно акутно труење со пестициди, што опфаќа околу 46 проценти од земјоделските работници во светот, а околу 11.000 случаи годишно завршуваат со смртен исход.