Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, вчера му оддаде почит на десничарскиот активист Чарли Кирк на конвенцијата на Републиканската партија во Далас, една година по неговото убиство. Венс, кој беше близок со Кирк, директно им се обрати на неговите две деца. „Историјата ќе забележи дека вашиот татко бил голем човек“, рече тој.