Грчките медиуми јавуваат дека „се работи за контроверзно видео од фестивал во Мелити кое е доставено до Обвинителството во Лерин, во кое се слуша песна на словенски јазик со референци за Филип, Александар Македонски и текст што завршува со фразата ‘Грешите, Грци, доста со лагите’“. За загрижените грчки граѓани се работи за пеење на националистичка. Грчките медиуми јавуваат дека „се работи за контроверзно видео од фестивал во Мелити кое е доставено до Обвинителството во Лерин, во кое се слуша песна на словенски јазик со референци за Филип, Александар Македонски и текст што завршува со фразата ‘Грешите, Грци, доста со лагите’“. За загрижените грчки граѓани се работи за пеење на националистичка песна поврзана со модерниот национален „македонско-словенски“ наратив, со стихови кои директно се однесуваат на Филип II и Александар Велики, прикажувајќи го Филип како крал на Македонија кој ја предводел македонската војска против Атина. „Тие продолжуваат да го оспоруваат грчкото толкување на античката македонска историја, тврдејќи дека Грците ‘не биле во право’ и претставувајќи ја ‘Мајка Македонија’ како земја која треба да му докаже на светот дека Александар бил Македонец, а не грчки крал.