Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Како одговор на офанзивата на Хутите, саудиските и јеменските воздушни сили ги бомбардираа позициите на Хутите.
„Најмалку 112.000 лица се раселени во Јемен во текот на изминатите две недели, а борбите продолжуваат по должината на западниот брег меѓу силите на меѓународно признатата влада на земјата и милитантната група Хути, поддржана од Иран - соопшти денеска Агенцијата за миграција на Обединетите нации (УНХЦР). За помалку од една недела, речиси 3.000 лица избегале по море во Џибути, соседна земја во северозападна Африка, изјави претставничката на УНХЦР, Сандрин Десамур, пред новинарите во Женева во видеообраќање од Џибути, објавија британските медиуми.