По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на платото на Вила Водно се одржа панел-дискусија, насловена како „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“, модерирана од Стојан Трпчевски. За референдумот, но и за други настани од 90-тите години и подоцна, говореа: Туше Гошев, Насер Зибери, … По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на платото на Вила Водно се одржа панел-дискусија, насловена како „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“, модерирана од Стојан Трпчевски. За референдумот, но и за други настани од 90-тите години и подоцна, говореа: Туше Гошев, Насер Зибери, Ламбе Арнаудов, Мухамед Халили, Петар Гошев, Благој Ханџиски, Тодор Петров, Славе Наумовски, Ѓулистана Марковска, како и новинарите и уредници Панде Колемишевски и Александар Чомовски.