Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Синоќа во 20:00 часот по локално време (полноќ по Гринич), државната електроенергетска компанија „Унион Електрика“ (UNE) објави дека „Националниот електроенергетски систем на Куба (SEN) е повторно поврзан на национално ниво.
„Сепак, островот делумно останува без струја поради нискиот капацитет за производство, бидејќи последиците од дефектот се сериозни, сопшти „Унион Електрика“ Кубанските власти соопштија дека во текот на ноќта повторно е ставена во функција националната електроенергетска мрежа по дводневниот прекин во снабдувањето со електрична енергија – седми по ред оваа година – среде тешка енергетска криза на островот, кој е под притисок од САД.