Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Градските власти на Венеција планираат да го прошират периодот на наплата на туристичката такса и да ја зголемат дневната такса на 30 евра со цел заштита на градот од прекумерен туризам и промовирање на посета во помалку прометни периоди.
„Градските власти на Венеција размислуваат да го прошират системот за наплата на туристички данок за влез во градот, така што ќе се применува во подолг период од годината, како и да ја зголемат дневната такса на 30 евра , изјави високиот градски функционер Микеле Зуин, објави Ројтерс.