Пукањето се случило во Квамахута, јужно од Дурбан, објави јужноафриканскиот ТВ-канал „eNCA& Пукањето се случило во Квамахута, јужно од Дурбан, објави јужноафриканскиот ТВ-канал „eNCA“, напоменувајќи дека меѓу жртвите имало и бремена жена. „Жртвите, меѓу кои и бремена жена, биле собрани во една куќа, нешто пред 23 часот, кога вооружени напаѓачи упаднале на местото и отвориле оган“, изјави за медиумите премиерот на провинцијата Квазулу-Натал, Тамсанга Нтули, додавајќи дека две лица го преживеале нападот. Според првичните информации, двајца напаѓачи упаднале во домот каде што имало 14 лица и отвориле оган.