Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека Франција во текот на изминатите неколку недели била мета… Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека Франција во текот на изминатите неколку недели била мета на руски хибридни напади. Макрон, на конференција за новинари по средбата со лидерите на политичките партии кои се застапени во парламентот, рече дека смета оти „природата на руската агресија се менува“, пренесува телевизијата БФМ (BFM). Како примери за промената на природата на заканата што доаѓа од Кремљ, Макрон ги наведе нападите врз возот на релација Полска – Украина, влегувањето на дронови во воздушниот простор на соседните земји, како и обидот за напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг. Макрон најави европски „план за заштита“ од дронови и истакна дека побарал од државните претставници во департманите да ја зголемат својата будност.