Во серија налудничави објави на социјалните мрежи, американскиот претседател, меѓу другото, порача дека „Месечината е наша.“ Објави и црно-сиви дизајн на униформите на Американските вселенски сили кои наликуваат на империјалната армија во Војна на ѕвездите. Уште е во фаза на преименување на работите па објави и мапа на Ново Мексико, со прецртано „Мексико“ и додадено „Америка.“ Тоа 47-та држава која се придружи на унијата во 1912 година. Што се однесува до вселената, од 1967 година постои нешто што се вика „Договор за вселената“, потпишан од САД и над 100 други земји кој експлицитно наведува дека вселената, вклучувајќи ја Месечината и другите небесни тела, не е предмет на национално присвојување преку барања за суверенитет, употреба, окупација или на кој било друг начин.