Глобалното просечно ниво на морето се зголемило за околу 11 центиметри од почетокот на сателитските мерења во 1993 година, со што ниските крајбрежни градови станале поранливи на овие ризици, покажа најновата студија, пренесува Ал Џезира. На листата на загрозени градови се наоѓаат шест големи градови ширум светот, и тоа се Александрија во Египет, кој се наоѓа на Средоземното Море, Џакарта во Индонезија, на брегот на Јаванското Море, потоа Шангај на Источното Кинеско Море, Мумбај во Индија на Арапското Море, како и Мајами на Атлантскиот Океан и Бангкок во Тајландскиот Залив. Анализата на податоците за морскиот простор, што ја објавила европската опсерваторија „Коперник“ и на кои се заснова студијата на Ал Џезира, покажала дека просечното ниво на Средоземното Море кај Александрија во 2025 година било за околу 17 центиметри повисоко во однос на 1993 година, додека нивото на Јаванското Море кај Џакарта се зголемило за околу 18 центиметри.