Инцидентите се пријавени во провинциите Итури, Северен Киву и Јужен Киву, а биле предизвикани од Инцидентите се пријавени во провинциите Итури, Северен Киву и Јужен Киву, а биле предизвикани од роднини и селани на пациенти со ебола или оние кои починале од болеста, објави весникот. Во некои случаи, членови на семејствата на заразените лица нападнале и тепале здравствени работници, додека неколку болници биле запалени откако персоналот одбил да ги предаде телата на починатите пациенти. Многу жители на источен ДР Конго не им веруваат на лекарите и медицинските сестри, од кои повеќето дошле од главниот град Киншаса или од странство, забележува ФТ. Мештаните веруваат дека надворешни лица ја експлоатираат епидемијата на ебола за профит, а хаштагови како „бизнис со ебола“ и „заговор со ебола“ се широко распространети на социјалните медиуми.