Во понеделникот, Исланд го повика американскиот амбасадор на разговор откако американскиот претседател Доналд Трамп објави слика… Во понеделникот, Исланд го повика американскиот амбасадор на разговор откако американскиот претседател Доналд Трамп објави слика на социјалните мрежи на која се прикажани островот и други земји под американското знаме, објави локалната радио-телевизија „RUV“. На објавената карта, САД, Канада, Гренланд, Исланд, Мексико, Централна Америка и Карибите се покриени со американското знаме, со натпис „Соединети Американски Држави“. Трамп ја објави сликата на својата платформа „Truth Social“ без понатамошно објаснување.