Лидерите на северниот етиопски регион Тиграј соопштија дека влегле во нова војна со федералната влада, откако избувнаа борби во Тиграј и во два соседни региони, со што е нарушен мировниот договор постигнат пред четири години, објави Ројтерс, а пренесува Си-Ен-Ен. Граѓанската војна од 2020 до 2022 година меѓу Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ) и федералните сили резултираше со стотици илјади … Лидерите на северниот етиопски регион Тиграј соопштија дека влегле во нова војна со федералната влада, откако избувнаа борби во Тиграј и во два соседни региони, со што е нарушен мировниот договор постигнат пред четири години, објави Ројтерс, а пренесува Си-Ен-Ен. Граѓанската војна од 2020 до 2022 година меѓу Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ) и федералните сили резултираше со стотици илјади жртви, пред во ноември 2022 година да биде потпишан Договорот од Преторија. Новите борби следуваат по повеќемесечно растечко непријателство меѓу двете страни, кое кулминираше со неделното соопштение дека ТПЛФ формирал сојуз со уште шест вооружени групи од различни делови на Етиопија, со цел соборување на владата на премиерот Абиј Ахмед. „По интензивирањето на инвазијата што на различни начини ја спроведува автократскиот и геноциден режим на Просперитет на Абиј Ахмед против народот на Тиграј… Регионалната влада на Тиграј соопшти дека на силите на Тиграј им е наредено да го одбијат нападот и дека влегле во одбранбена војна“, се наведува во соопштението на регионалната администрација предводена од ТПЛФ.