Францускиот претседател Емануел Макрон денес го отвори Меѓународниот самит за вселената во Париз, на кој присуствуваат претставници на Европската Унија и голем број државници, наведувајќи дека вселената е нешто од кое сите земји треба да имаат корист, но и дека е потребно да се постигнат договори за нејзино користење, кои треба да ја вклучат пошироката меѓународна заедница, а не да … Францускиот претседател Емануел Макрон денес го отвори Меѓународниот самит за вселената во Париз, на кој присуствуваат претставници на Европската Унија и голем број државници, наведувајќи дека вселената е нешто од кое сите земји треба да имаат корист, но и дека е потребно да се постигнат договори за нејзино користење, кои треба да ја вклучат пошироката меѓународна заедница, а не да бидат одлучени само од неколку земји. Макрон рече дека „вселенската транзиција е неверојатна“ и дека Франција може да се вклучи во „новата генерација на вселенска моќ“. „Вселената е по дефиниција светски елемент, денес е насекаде околу нас, во нашите џебови, преку секојдневната навигација, присутна е во телекомуникациите, науката и климатските прашања“, рече Макрон.