Колкав автомобил навистина ви треба ако најголемиот дел од денот го минува низ град? Од 3,59 метри долгиот Kia Picanto, преку Toyota Aygo X Hybrid што официјално троши околу 3,7 l/100 km, до новото електрично Twingo со потрошувачка од само 12,2 kWh/100 km. 🚗🏙️ Избравме пет мали автомобили што покажуваат дека за градско возење „помалку“ понекогаш навистина значи - повеќе. Во време кога речиси секоја нова генерација автомобили станува подолга, поширока и потешка, градот сè уште поставува едно многу едноставно прашање: колкав автомобил навистина ни е потребен за секојдневно возење?