Во 1998 година, Чикаго Булс ги победија Јута Џез со 4-2 во финалето на НБА и станаа шампиони, а з Во 1998 година, Чикаго Булс ги победија Јута Џез со 4-2 во финалето на НБА и станаа шампиони, а за најкорисен играч (МВП) на финалната серија беше прогласен никој друг туку Мајкл Џордан. „Летечкиот Мајкл“ одигра неверојатна серија и постигна 24 поени на третиот натпревар, во кој Чикаго победи со 96:54 – односно со разлика од 42 поени – што и ден-денес претставува најубедливата победа во историјата на финалните натпревари. Сега, 28 години подоцна, дресот на Мајкл Џордан од третиот натпревар е ставен на продажба и ќе стане најскапиот во историјата, бидејќи се предвидува дека ќе се продаде за неверојатни 100 милиони долари!