„Дојче Телеком ја претстави новата кампања „Не биди само патник“ (Not a Passenger), насочена кон Генерацијата Z, испраќајќи силна порака до младите да не дозволат мислењата, алгоритмите и притисоците од дигиталниот свет да го диктираат нивниот живот Кампањата е дел од платформата #OwnYourWorld, преку која Дојче Телеком ги охрабрува младите да останат верни на себе и да носат одлуки водени од сопствените вредности, наместо од постојаниот наплив на содржини, мислења и очекувања на социјалните мрежи.