Се однесува само на слушалките.
„Признанието од страна на Асоцијацијата за експертско оценување на слика и звук (EISA) ги потврдува Galaxy Buds4 Pro слушалките како пример за долгогодишната посветеност на „Samsung“ кон испорачување Hi-Fi звук верен на оригиналот и интелигентни, адаптивни искуства при слушање – Компанијата Самсунг („Samsung“) денес објави дека Galaxy Buds4 Pro слушалките ја добија наградата „ EISA Слушалки за во уво 2026-2027“ (EISA In-Ear Headphones 2026-2027) од Асоцијацијата за експертско оценување на слика и звук (Expert Imaging and Sound Association – EISA ). Ова е првпат производ од серијата Galaxy Buds да го добие ова признание од „EISA“, што ја нагласува континуираната посветеност на „Samsung“ кон аудио-иновациите, супериорниот квалитет на звукот, интелигентните адаптивни технологии за слушање и дизајнот насочен кон корисниците.