Шефовите на водечките компании за вештачка интелигенција – Дарио Амодеј („Антропик“), Сем Алтман („ОпенЕј-Ај“) и Илон Маск („ИксЕј-Ај“) – отворено поддржаа повици за координирано забавување на развојот на најнапредните модели со вештачка интелигенција (ВИ), поради растечките ризици за опстанокот на човештвото, сајбер-безбедноста и националната безбедност. Главниот извршен директор на „Антропик“ (Anthropic), Дарио Амодеј, во обемна објава на својот блог соопшти дека неговата компанија воведува дополнителни безбедносни мерки и независни проценки, повикувајќи го целиот сектор пошироко да го забави темпото. Неговиот предлог веднаш го поддржаа Сем Алтман од „ОпенЕј-Ај“ (OpenAI), кој се обврза да ги прифати независните оценувачи, како и Илон Маск, кој ја предводи „ИксЕј-Ај“ (xAI) и порача дека Амодеј е во право.