Со векови старите пророштва на францускиот астролог Мишел де Ностредам, попознат како Нострадамус. Со векови старите пророштва на францускиот астролог Мишел де Ностредам, попознат како Нострадаму с, повторно го освоија вниманието на јавноста, бидејќи растат шпекулациите дека тој оставил темно предупредување за човештвото - визија за иднината во која машините ја преземаат контролата, пренесе Нет.хр. Во неговата книга од 1555 година „Пророштва“, Нострадамус не споменал компјутери или роботи, но една строфа, означена како IV век, кватрен 31, поттикнала многумина да размислуваат. Строфата гласи: „Месечината во полна ноќ над висока планина, нов мудрец со осамен мозок го гледа: Неговите ученици повикани да бидат бесмртни, очите свртени кон југ.