„Рајанер“, авиокомпанијата број еден во Европа, денеска ја повика на Европската комисија итно да го реформира нефункционалниот систем за контрола на воздушниот сообраќај во Европа, откако дефект на опремата на грчкиот систем за контрола на летањето во вторникот, на 1 септември, предизвика сериозни нарушувања во грчкиот воздушен простор, со доцнење на 37 летови на „Рајанер“ и погодени речиси 7.000 патници, со доцнења до три часа, соопштија од ирската нискобуџетна авиокомпанија, јави дописничката на МИА од Атина. Според „Рајанер“ ова е четврт голем дефект во Грција во последните 12 месеци и, како што велат, „уште еднаш се покажува целосниот неуспех на грчката Влада соодветно да ја управува и финансира својата инфраструктура за контрола на воздушниот сообраќај“. Додаваат дека патниците и авиокомпаниите продолжуваат да плаќаат дури и повисоки такси за услугите на контролата на летањето, а притоа добиваат сè понеквалитетна услуга.