Партијата која се одушевуваше од „проектите на Заев“, како што се Фејсбук и Гугл во Македонија, патека за Формула-1 во Македонија, фабриката за електрични автомобили во Тетово, кои никогаш не беа изградени, сега се против проекти кои, како што рече еден стручњак од таа област, ги прави исти како тие што биле против струјата и електрификацијата пред еден век. Во продолжение од збор до збор денешната прес-конференција на СДСМ: Власта на Мицкоски и ВМРО-ОКГ под радарот и зад грбот на народот турка проекти за дата-центри кои можат директно да ги загрозат водата, струјата и македонското земјоделство. Освен во Пехчево, веќе објавивме дека компанија соопштила јавно дека за дата центри во Македонија добила капацитет на струја од 100 мегавати и директен пристап до реката Вардар за ладење од страна на Владата.