Јапонската премиерка, Санае Такаичи, изјави дека Токио сака да го забрза воведувањето на вештачката интелигенција и беспилотните средства во одбраната, пред планираното преиспитување на клучните документи за националната безбедност. „Јасно е дека треба уште побрзо да ги воведуваме технологиите што се развиваат со сосема поинакво темпо од традиционалната воена техника, како вештачката интелигенција и беспилотните. „Јасно е дека треба уште побрзо да ги воведуваме технологиите што се развиваат со сосема поинакво темпо од традиционалната воена техника, како вештачката интелигенција и беспилотните средства“, изјави Такаичи пред високи претставници на одбранбените сили.