Синоќа, по 27 дена исполнети со натпревари, ривалства, емоции и полни трибини, заврши 22риот Меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“.Четириесет екипи беа дел од годинешното издание, а патот што започна на 1 септември кулминираше со финалната вечер на 27 септември на игралиштето „Сокол“ во Карпош 1. 27 дена фудбал, 40 екипи, полни трибини, големи ривалства. Синоќа, по 27 дена исполнети со натпревари, ривалства, емоции и полни трибини, заврши 22риот Меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“.Четириесет екипи беа дел од годинешното издание, а патот што започна на 1 септември кулминираше со финалната вечер на 27 септември на игралиштето „Сокол“ во Карпош 1. 27 дена фудбал, 40 екипи, полни трибини, големи ривалства и уште поголеми емоции, вака заврши 22. издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“, кој синоќа кулминираше со спектакуларна финална вечер на игралиштето „Сокол“ во Карпош 1. Од првиот натпревар на 1 септември, па сè до големото финале на 27 септември, турнирот повторно го претвори „Сокол“ во центар на малофудбалските возбудувања. Финалната вечер беше вистинската круна на турнирот – исполнети трибини, гласна поддршка од публиката, жестока, но фер борба и атмосфера која потврди дека „Сокол“ одамна е многу повеќе од спортски турнир.