Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули годинава изнесува 4,68 проценти… Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јули годинава изнесува 4,68 проценти и бележи благ месечен раст од 0,01 процентен поен, додека на годишно ниво е пониска за 0,23 процентни поени, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Истовремено, просечната каматна стапка на вкупните депозити достигнала 2,18 проценти, што е зголемување од 0,01 процентен поен на месечно ниво, но намалување од 0,03 процентни поени споредено со истиот период лани. Според соопштението на Народна банка , просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јули изнесувала 4,44 проценти, што претставува раст од 0,06 процентни поени во однос на претходниот месец и од 0,02 процентни поени на годишна основа.