Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) во вториот квартал од годинава достигнаа 336,4 милијарди денари, што претставува квартален раст од 7,2 проценти и годишно зголемување од 22,1 процент, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија.
„Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) во вториот квартал од годинава достигнаа 336,4 милијарди денари, што претставува квартален раст од 7,2 проценти и годишно зголемување од 22,1 процент, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Република Северна Македонија.
Останатите финансиски институции учествуваат со 23,3% во средствата на финансиските институции.
„Најголемо учество во вкупните средства на ОФИ имаат пензиските фондови со 63,7%, по што следуваат осигурителните друштва со учество од 13,5%. Најзначајни инструменти на страната на средствата на ОФИ се вложувањата во должнички и сопственички хартии од вредност (учество од 49,3% и 28,5%, соодветно). Гледано на страната на обврските, најголемиот дел им припаѓа на техничките резерви на осигурувањето и на капиталните сметки (учество од 49,4% и 40,4%, соодветно). Најновото соопштение за позначајните движења кај ОФИ е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/OFI/2026/Soopstenie_za_pecat_OFI_Q2_2026_mk.pdf.