Нелојалната конкуренција при користењето на европските грантови и потребата од долгорочни австриски визи за македонските превозници беа меѓу клучните теми на кои се осврна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на денешниот македонско-австриски бизнис форум, кој се оддржа во Стопанската комора на Македонија. Обраќајќи се пред деловната заедница, Николоски посочи дека покрај инвестициите во патната и железничката … Нелојалната конкуренција при користењето на европските грантови и потребата од долгорочни австриски визи за македонските превозници беа меѓу клучните теми на кои се осврна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на денешниот македонско-австриски бизнис форум, кој се оддржа во Стопанската комора на Македонија. Обраќајќи се пред деловната заедница, Николоски посочи дека покрај инвестициите во патната и железничката инфраструктура, енергетиката и водоснабдувањето, од суштинско значење е да се создадат услови во кои македонските компании ќе можат да се натпреваруваат под еднакви и фер правила.