Дата-центрите, најавени како двигател на дигиталната економија, отворија сериозни прашања за струјата, водата и улогата на… Дата-центрите, најавени како двигател на дигиталната економија, отворија сериозни прашања за струјата, водата и улогата на државата во нивната изградба. За дел од експертската јавност, ако дата-центар претставува обработка на голем број на компјутерски податоци, се поставува прашањето зошто неговата големина не се изразува во компјутерска величина (мегабајт терабајт …) туку во мерна величина која дефинира активна моќност (мегават МW)? Запрашан колку дата-центри Македонија може да издржи пред тие да станат товар за електроенергетскиот систем, инженерот по енергетика, Дејан Димовски вели дека за Македонија е потребно да изгради национален дата-центар за обработка на податоци за државните институции (медицински установи, МВР, АРМ, универзитети, училишта, градинки, министерства, јавни претпријатија итн) кој не би надминал максимална енергетска активна моќнотс од 10 MW. Според него, македонскиот електроенергетски систем технички не е конципиран да може да прифати големи потрошувачи со моќност од над 100 MW (големи дата-центри.) -Се уште основата за производство на електрична енергија во Македонија е РЕК Битола, со номинална моќност на еден енергетски блок од произвотствени рамки од 180 MW. ЕСМ објави дека Македонија ќе увезува јаглен од Косово за производтсво на електрична енергија. Технички е нелогично да се обидувате да го продолжувате работниот век на термоелектраните со увоз на јаглен а да овозможувате изградба на дата центи со голема номинална моќност.