„Anthropic“ соопштила на мала група акционери дека и во тековниот квартал ќе оствари прилагодена оперативна добивка, објави во неделата „Financial Times“. Тоа би бил втор последователен период во кој компанијата работи профитабилно, додека се подготвува за иницијална јавна понуда на акции (IPO), пишува „Bloomberg“. Овој показател ги исклучува одредени вонредни или еднократни трошоци.