Ако ФЕД утре, а европската централна банка до крајот на годината, што ќе рече истовремено, ја затегнат политиката додека енергијата поскапува, ризикот е трендот на глобалната економија да биде комбинација од послаб раст, поскапо кредитирање и продолжена висока инфлација. Американската централна банка (ФЕД) е пред една од најнеизвесните, но и најважните одлуки за монетарната политика во последните години. Федералниот комитет за отворен пазар (ФОМЦ) денеска, 15 септември, ја почна дводневната седница, а одлуката ќе биде објавена утре, 16 септември.