Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) во вториот квартал од годинава… Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) во вториот квартал од годинава достигнаа 336,4 милијарди денари, што претставува квартален раст од 7,2 проценти и годишно зголемување од 22,1 процент, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија . Според податоците, средствата на ОФИ се зголемени за 22,7 милијарди денари во однос на претходниот квартал и учествуваат со 23,3 проценти во вкупните средства на финансиските институции во земјата. Најголемо учество во структурата на ОФИ имаат пензиските фондови со 63,7 проценти, а по нив следуваат осигурителните друштва со 13,5 проценти. Од Народна банка на Македонија посочуваат дека растот главно се должи на повисоките средства на пензиските фондови, додека позитивни движења се забележани и кај останатите потсектори, освен кај финансиските друштва кои евидентирале квартален пад.