„Фолксваген“ се соочува со уште едно преструктурирање, а извршниот директор на „VW Group“, Оливер Блуме, преку… „Фолксваген“ се соочува со уште едно преструктурирање, а извршниот директор на „VW Group“, Оливер Блуме, преку меморандум, во кој увид имаше Ројтерс, ги предупреди вработените дека „ситуацијата е повеќе од критична“ во време кога компанијата се подготвува за уште еден круг болни мерки за намалување на трошоците. Проблемот не е во тоа што германскиот автомобилски гигант мора да продаде повеќе автомобили. Неговата структура на трошоци го доведува во сериозно неповолна положба во однос на конкурентите во момент кога конкуренцијата станува исклучително жестока, посебно поради глобалниот подем на кинеските брендови.