„Филмовите „Патот на Кобрата до ѕвездите“, во режија на Радован Максимовиќ – Макса од Белград, Србија, направен за легендарниот фудбалер Дарко Панчев, и “Булеварот на Ивица Осим“ (режисер Мухамед Бикиќ од Сараево, Босна и Херцеговина) ја добија “Гранд При“ наградата “Драган Пантелиќ – Панта“ за најдобар спортски филм на престижниот шести Меѓународен фестивал за документарни филмови, “Сити Фест 2026“ Овој мошне квалитетен филмски фестивал се одржа под Покровителство на Општина Нишка Бања, од 7 до 9 август во Нишка Бања, крај Ниш, во Србија.