Жири-комисијата за доделување на наградата, во состав: проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева-Златева (членови), пред да пристапи кон донесување на завршната одлука за наградата „Антево перо“, што подразбира печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори, уште еднаш го изразува своето задоволство од рекордниот одзив и учеството на Жири-комисијата за доделување на наградата, во состав: проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева-Златева (членови), пред да пристапи кон донесување на завршната одлука за наградата „Антево перо“, што подразбира печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори, уште еднаш го изразува своето задоволство од рекордниот одзив и учеството на 115 автори. Од пристигнатите 115 поетски ракописи, во потесен избор за наградата влегоа девет стихозбирки, и тоа: Ерол Туфан – „Недовршени песни“, Белинда Сипкоска Гаштарова – „Домот ми е полн со небо“, Емељ Туна – „Анатомија на бршленот“, Лидија Размоска Тримовска – „Патот до Огнена“, Јулијана Младеновска-Тешија – „Чекркот“, Александар Русјаков – „Дегустација на жената“, Милош Соколиќ – „Име во идно време“, Маја Мојсова – „Ајта“ и Даниела Андоновска-Трајковска – „Ако не се отвори фиоката мачката ќе биде жива“. По темелно разгледување на вредностите на секоја од овие девет стихозбирки и по завршните дискусии на членовите, Комисијата едногласно донесе одлука наградата „Антево перо“ за 2026 година да ѝ припадне на стихозбирката „Ако не се отвори фиоката мачката ќе биде жива“ од Даниела Андоновска-Трајковска.