Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување. Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено. Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија.