Успешни училишни денови, другарување и стекнување нови пријателства им посака денеска на… Успешни училишни денови, другарување и стекнување нови пријателства им посака денеска на сите првачиња премиерот Христијан Мицкоски посочувајќи дека за сите ученици во државата се обезбедени бесплатни учебници. По пуштањето во употреба на доградбата на ООУ „Ацо Шопов“ во Радишани, општина Бутел, на првачињата им укажа дека животот не е едноставен, туку носи многу предизвици, кои треба да ги решаваат сами или со помиш на родителите. Сега почнувате една нова фаза од своите животи, која ќе има многу предизвици.