Во Хрватска почна културната манифестација Денови на македонската култура по повод одбележувањето… Во Хрватска почна културната манифестација Денови на македонската култура по повод одбележувањето на 35-годишнината од осамостојувањето на Република Македонија и 8 Септември – Денот на независноста и ќе трае до 6 септември. Настанот почна во Шибеник, каде беше промовирана книгата „Мајка Тереза – Гонџа од Скопје“ (светица на сиромашните) од авторката Јасмина Миронски, познат новинар, комуниколог и професор. На настанот присуствуваат Зоран Димитровски, заменик-министер за надворешни работи и надворешна трговија, Драган Ѓурчевски, македонски амбасадор во Загреб, проф. др. Марјан Бојаџиев, потпретседател на Стопанската комора, Пашко Ракиќ, жупан на Шибенско-книнската жупанија, д-р Жељко Буриќ, градоначалник на Шибеник, како и истакнати личности од европските институции и од политичките и општествените кругови во Брисел, Хрватска и Македонија.