Водителката на спортскиот канал „ДАЗН“, Елеонора Инкардона, на социјалните мрежи објави серија фотографии од својот краток одмор. 35-годишната репортерка, која ја следи италијанската фудбалска лига Серија А, ја искористила паузата во првенството за патување на езерото Гарда. На Инстаграм сподели фотографии на кои позира покрај базен во бикини, како и моменти од тренинг, прошетка со своето куче и дружење со пријателите.