Од нив тројцата скопјани кои во последниве денови беа ставени на респиратор се уште се во кртитич Од нив тројцата скопјани кои во последниве денови беа ставени на респиратор се уште се во кртитична состојба, а засега кај нив нема ни подобрување, ни влошување, потврдува Директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана. Во последните 24 часа, односно последното деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани уште тројца пациенти, кај кои е потврдено дека се работи за вирусно заболување, односно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Сите тројца се над 60-годишна возраст, односно, 64, 69 и 83 години и сите се со придружни хронични болести, вели за Канал 5 д-р Цана.