Две до три шолји кафе дневно можат да го намалат ризикот од депресија и анксиозност, но надминувањето на таа количина носи спротивен ефект, тврди ново истражување Истражувањето објавено во научното списание „ Journal of Affective Disorders “ открива дека консумирањето две до три шолји кафе дневно е поврзано со помал ризик од нарушувања на расположението и стресот, како што се депресијата и анксиозноста. Меѓутоа, внесувањето помалку од таа количина не носи забележливи придобивки за менталното здравје, додека повеќе од три шолји дневно може да доведе до зголемена анксиозност и лош сон, со што се поништуваат позитивните ефекти. „Ова истражување потврдува дека умерениот внес е „златната средина“, што се совпаѓа со општите препораки за внес на кофеин“, објаснува нутриционистката Морган Л. Вокер за „Verywell Health“ и додава: „Кога ќе ја надминете таа граница, почнуваат да се појавуваат негативни несакани ефекти – како што се лош сон, нервоза или зголемена анксиозност, особено кај лицата чувствителни на кофеин“.