Од нив, 53 се потврдени, од кои 52 биле хоспитализирани - соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.
„Тој информира дека последната недела има пет случаи, од кои два се непотврдени, што е намалување во однос на претходните три недели кога имало од 9 до 11 случаи, а промени има и во тоа што последните случаите на западнонилска треска во Скопје доаѓаат од северниот, североисточниот дел на градот, за разлика од досега кога биле регистрирани претежно во јужниот дел од градот.
Министерот за здравство апелира за вакцинација против морбили поради растечкиот број случаи во соседните земји.
„Состојбата заклучно со денешниот ден е дека има 55 вкупно случаи на западнонилска треска , 53 се потврдени, двајца се непотврдени.