Откако неодамна за прв пат стана татко кога неговата Ана на свет ја донесе малата убавица Алексеја, а набргу непосредно потоа на необичен начин и ја побара раката на неговата свршеница, македонскиот „Гранд“ рокер Александар Јосифовски и се врати на музиката. Но, музиката тој никогаш и не ја оставил, зашто покрај настаните од приватноста харизматичниот охриѓанец постојано и настапуваше и компонираше, а резултат на неговата креативна активност е и наовата песна на Јосифовски, насловена „Горе од љубоморе“ (Полошо од љубомора). Музички се работи за своевидна рок балада, која е својствена и за сензибилитетот и за вокалниот распон на Јосифовски, како и за стилот што најмногу музички му лежи и прилега. Емотивно изведена, со многу емоции и вдахната душа, со експресија вметната во интерпретацијата каква што само можат да донесат големите пејачки имиња во регионот и светот.